IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести
Интернет воајерство со ChatRoulette
Објавено на: 09.03.2010
Интернет воајерство со ChatRoulette Дали би сакале да играте рулет со интернетот? Ако да, тогаш вклучете ја вашата веб камера и кликнете старт на ChatRoulette.

ChatRoulette е креација на 17 годишен руски студент Андреј Терновски и е чет сервисот со кој запознавата рандом странци и разговарате со нив. Можеби ви звучи хазардерски да комуницирате со тотални странци на интернет. Уште од мали нозе не учеа не зборувајте со странци бидејќи кој знае какви будали има. Но... дали на шега, дали поради чудни потреби како манијачење, дали поради љубопитност ChatRoulette моментално е посетуван од 1.5 милиони корисници дневно!


Клучни зборови:  ChatRoulette   рулет   странци   приватност. чет. комуникација   Андреј Терновски   Кејси Неистат   филм   статистика   веб

 
TED: Сакаме отворени сурови информации!
Објавено на: 09.03.2010
TED: Сакаме отворени сурови информации! Aко ги ставиме информациите на мрежата, научни, владини, истражувачки податоци, други луѓе ќе ги искористат да направат нешто убаво, нешто што не можеле ни да го замислат - вака сир Тиме Бернерс-Ли, таткото на www мрежата, се обрати на престижната TED конференција, наведувајќи одлични примери за како се користат тие „отворени сурови информации“ меѓу кои и пример со земјотресот во Хаити каде користејќи ги тие информации од разновидни извори и мобилните телефони се креира корисна мапа на Порто-Пренс означувајќи каде се блокирани патишта, болници, кампови за жртвите...

Клучни зборови:  TED   open data   Tim Berners-Lee   Хаити   Порто-Пренс   Тим Бернерс-Ли   отворени податоци   споделување информации   ТЕД

 
ИТ.мк: Спојување на два ИТ факултета?
Објавено на: 08.03.2010
ИТ.мк: Спојување на два ИТ факултета? Или ќе се отвара нов факултет за информатика или пак Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Иститутот за информатика од Природно математичкиот факултет (ПМФ-ИИ) ќе се спојат во еден факултет - ФИНКИ, кратенка за Факултет за информатички науки и компјутерски инженеринг, пишува Мартин Спасовски, блогер и студент на ПМФ кој заедно со 30-тина студенти присуствувал на средба со Министерството за Образование на која се објаснила ситуацијата.

Клучни зборови:  Ит.мк   студенти   универзитети   факултети   информатички науки   ФЕИТ   ФИНКИ   ПМФ   Мартин Спасовски   Министерство за образование   истражување   анкета   спојување

 
79% веруваат дека интернет е основно човеково право
Објавено на: 08.03.2010
79% веруваат дека интернет е основно човеково право Четири од пет луѓето ширум светот веруваат дека пристап до интернет е основно човеково право, покажа анкетата на Светкиост сервис на BBC кои прашаа околу 27.000 луѓе од 26 земји. 79 отсто, или 21.330 луѓе, велат дека интернетот им дал поголема слобода, поголемиот дел имаат позитивно мислење за интернет кој им го променил животот, додека девет од десет испитаници рекле дека е одлично место за учење.

Клучни зборови:  интернет   човеково право   анкета   BBC   World Service   истражување   слобода на говор   споделување   информации

 
Неделен преглед 06.03.10: Преводи, ИК Банка, спам, Mafia.мк...
Објавено на: 06.03.2010
Неделен преглед 06.03.10: Преводи, ИК Банка, спам, Mafia.мк... YouTube стартуваше автоматска транскрипција, што значи сите корисници сега имаат преводи додека гледаат видеа. Стартуваше и Mafia.mk македонска онлајн друштвена игра. Имаме и обид за имејл измама каде измамниците ги користат македонските банки да украдат лозинки. Неделава се зборуваше и за можноста Google да индексира веб страни во реално време. Има и интересен текст за како Nokia помогна Иран да апси протестанти со технологија за прислушкување, слична технологија која се користи и да се прислушкуваат сите разговори во светот. Разликата е што ЕУ забранува со неа да се прекршуваат човековите права, туку прислушкувањето треба да се користи при гонење криминалци или заштита на национална безбедност. Неделава ја завршуваме со пропуст на А1 телевизија да си ја контролира содржината и да дозволи да биде критикувана и исмејувања поради лажен Twitter профил.

Клучни зборови:  YouTube   Google   Mafia.mk   A1   Direktorium.mk   ИК Банка   спам   Twitter   Иран   Nokia   ИТ.еу   неделава   неделен преглед   ИТ.мк   Форум   апликации   Android   совет   блог   Египет

 
Како А1 е исмејувана поради лажен Twitter профил
Објавено на: 06.03.2010
Како А1 е исмејувана поради лажен Twitter профил А1 ексклузивно: Груевски се договорил за промена на името. Гледајте на А1 вестите во 19 часот! Ова е твитот на @A1vesti кој беше објавен во четврток и кој направи за помалку од 30 минути, од почетокот на вестите до спортските вести, А1 од професионална телевизија да стане шарлатанска телевизија и да биде исмејувана од корисниците на Twitter, и исмејувањето да продолжи и по блогови и Facebook. Кредибилитетот на А1 како новинарска институција е дефинитивно нарушен бидејќи не само што споделуваат лажни информации, туку тие информации се скандалозни.

Клучни зборови:  Twitter   A1vesti   Sitel_vesti   лажен профил   исмејување   лажни информации   Груевски   промена на име   блогови   шпекулации   македоснки медиуми   А1   телевизија   ИТ.мк

 
Преводи на YouTube за сите
Објавено на: 05.03.2010
Преводи на YouTube за сите Автоматската транскрипција на YouTube видеата конечно е достапна за пошироката јавност, откако беше тестирана во затворена бета. Првичната цел на проектот е да се инволвираат глувите лучности на сервисот и тие да можат да гледаат видеа, но со транскрипцијата добиваат и сите кои не знаат добро странски јазици бидејќи сега секој може да гледа видеа со македонски или албански титлови.

Клучни зборови:  титлови   преводи   транскрипција   видеа   македонски јазик   албански јазик   видео сервис   YouTube   автоматска транскрипција   google translate   Google Voice Search

 
Над 10.000.000.000 твитови и продолжуваме да броиме...
Објавено на: 05.03.2010
Над 10.000.000.000 твитови и продолжуваме да броиме... За само 4 години по основањето, Twitter како релативно млада и непозната друштвена мрежа стигна до неверојатна бројка. Не се работи за милиони твитови, ниту за милијарда, туку за 10 милијарди твитови.

„Гледаме на големата табла и чекаме бројката да се преврти на 10 милијарди твитови заедно со тимот.“ твитна Еван Вилијамс, директорот на Twitter.


Клучни зборови:  Twitter   милијарда   твитови   споделување   информации   GigaTweet   статистика   друштвена мрежа

 
Google ќе индексира страни во реално време?
Објавено на: 04.03.2010
Google ќе индексира страни во реално време? ReadWriteWeb блогот пишува дека Google планира да развие систем со кој содржината на веб сајтовите автоматски ќе биде индексирана од пребарувачот во моментот на објавување. За да успее во индексирањето во реално време Google ќе ја користи PubSubHubbub платформата . Платформата работи така што самиот издавач на содржина го информира Google дека има нешто ново, наместо да чека crawler-oт да ја открие истата содржина.

Клучни зборови:  PubSubHubbub   Google   ReadWriteWeb   Wordpress   RSS   фид      индексирање   веб страни   содржина   PuSH

 
Како Иран со помош на Nokia апси протестанти
Објавено на: 04.03.2010
Како Иран со помош на Nokia апси протестанти Nokia и нејзината технологија била користена од иранските власти за да ги шпиунира разговорите на мобилните телефони на граѓаните и со тоа да ги спречи ланските протести против наводно наместените претседателски избори, пишува финскaта новинарка Хана Никанен која дошла до прирачник за „Nokia Lawful Interception Gateway“.

Клучни зборови:  Nokia Lawful Interception Gateway   Nokia   Nokia Siemens Networks   Хана Никанен   Иран   протести   Зелена револуција   прислушување   мониторинг   апсења   Европски Парламент   Европска Комисија   оператори   Дирекција за безбедност и разурзнавање   приватност   цензура   Hanna Nikkanen

 
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>
IT.com.mk форум

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(140 глас/а)

  • 75.7%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 11.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност