IT.com.mk користи интернет колачиња за да го подобри вашето искуство на сајтот.Прочитај повеќе
Македонија ја очекува бран од групни купувања, пристига и Grouper.мк Македонија ја очекува бран од групни купувања, пристига и Grouper.мк ИТ.МК
Објавено на од

За кратко време во Македонија се најавија два сервисa за групно купување, Grouper и Kolektiva кои планираат во текот на јануари да ја стартуваат е-трговијата нудејќи големи попусти и соработувајќи со разни локални бизниси.

Grouper.мк е веб сервис кој нуди дневни попусти над 50% за разни локални зделки, но само доколку се соберат одреден број луѓе кои ќе ја прифатат зделката. Пример, Grouper нуди 50% попуст за билет за кино за 20 луѓе. Вие плаќате, парите ви се резервираат, и чекате да се соберат 20 луѓе за попустот да биде успешен. Ако се соберат доволен број на луѓе, тогаш имате ефтин билет. Ако не се соберат, парите ви се враќаат.

На понудата ќе се најдат ресторани, театри, кина, спа центри, салони за убавина, продавници, специјални настани, спортски активности… а за почеток, првите посетители ќе можат да добијат панорамско летање со балон над Скопје. Првите понуди ќе бидат само од Скопје, но потоа ќе следуваат и другите градови.

„По деталните анализи и следење на американскиот пионир во оваа област, кој всушност го постави трендот на групното купување и дневните зделки, groupon.com, а воедно и анализата на нашиот пазар, сметаме дека има потенцијал за еден ваков сајт во Македонија. Всушност и не треба детални анализи за да ви стане јасно дека простор за веб сајт кој нуди огромни попусти од 50% до 90% има во било кое време, на било кое место, а особено во период на рецесија. На почеток не загрижуваше прилично нискиот број на онлајн купувачи во нашата земја, но јасно ни е дека многу наскоро ова ќе се промени. Со еден ваков веб сајт токму и кон тоа целиме.“, вели Нина Ангеловска од Webspot.mk, компанијата зад Grouper.mk.

Што се однесува до конкуренцијата со Kolektiva, Нина вели дека тоа е позитивно нешто бидејќи ќе има поголем ефект кон подигање на свеста за групните зделки и дека двата сервиси ќе нудат различни работи што ќе понудат повеќе избор на потрошувачите.

Grouper.mk е проект на фирмата Webspot.mk, чии проекти се и порталот за ноќен живот – kadevecer.com.mk, портал за мажи – men.mk и огласникот duskalo.mk.

Што е Grouper? from Grouper.mk on Vimeo.

Кратко URL: http://1337.mk/9l
Дамјан Дано

Објавено од

Дамјан е ко-основач на компанијата IWM Network, во чија сопственост е порталот IT.com.mk. Има долгогодишно искуство како консултант за интерактивен маркетинг, брендинг и е-бизнис и го интересираат маркетинг, брендирање, психологија, стартапи, развој на пазари... Вебсајт Google+

it.com.mk е-билтен

Е-билтенот ви нуди да се информирате на дневна или неделна база или пак да бидете известени само за најважните случувања, како и за огласите од ИТ Кариера.
Дневен Мора да прочиташ
Неделен ИТ Кариера

57 коментари

  1. socialiva вели:

    Grouper има некаква директна врска со Groupon или само го превзема концептот и по се изгледа комплетниот визуелен идентитет?

  2. kapsarovb вели:

    Патетично е што патетиката се пренесува насекаде како заразна болест…

    • azder вели:

      што е патетичното/патетиката во случајов?

      • kapsarovb вели:

        Со наманелата куповна амбиција на потенцијалните конзументи се прави финта со групно купување, демек добивате попуст ама ако производот го купат минимум 100 луѓе на пример. Но тоа е обратна лицитација или аукција каде што со манипулација се овозможува продажба на производи. Целата патетика е што веќе престана да пали амазон фазон на купување и сега се прави ова Групон манипулација каде што се пренесува и на нашата Интернет сцена.

        Во тој контекст :)

  3. Мартин вели:

    Сте требале да напишете и дека се плагијатори. Од А до Ш се' украле од Groupon. Мене не ми е јасно до кога планираат нашиве вака да прават бизнис. А вие како единствени кај нас што покриватe IT, сметам дека не треба да ги подржувате. Треба да го осудите ова дрско и безсрамно крадење на интелектуална сопственост.

  4. Само-минувач вели:

    Мартин има право. Вие како сајт кој не треба да си дозволите да пренесувате и подржувате вакви бизниси. Ова ти е класичен copy – paste, кој очигледно не е ни лиценциран. Тоа ти е исто ко јас дома да произведувам шугава кока-кола а да го користам вистинскиот бренд како моја реклама со една цел, само да профитирам негрижејки се за штетите што ги правам. ОВА НЕ Е ВО РЕД ШТО ВИЕ ГО ОБЈАВУВАТЕ А ЛУГЕ КАКО ОСНОВАЧИТЕ НА ГРУПИЕР ГИ ИМАЛО И КЕ ГИ ИМА – без креативност, малку се тие што ја поседуваат. Вие баш загрозениот вид треба да ги заштитите и промовирате. Поздрав

  5. @ViktrArs вели:

    Ги прашавме зошто Grouper.mk го копира Groupon. Одговорот/цитатот е пренесен во текстот во целост. Можеби прашањето го игнорираа, можеби е нешто друго… во секој случај текстот не е за „(не)оригиналност“, за која се сложувам дека grouper.mk би требало да објасни зошто ископирале, туку дека групното купување пристига во .мк… макар и во чудна форма. :))

  6. Vonko вели:

    А бе каков бран, ЦУНАМИ!

  7. Биљана вели:

    Можеби дечките од Групер не очекувале дека во Македонија некој чита светски медиуми и прати светски трендови и знае што е Групон!

  8. Someone вели:

    Prasajte gi istive ovie luge zasto go iskopiraa dizajnot od facebook i bez gram sram go stavija na duskalo.mk.

  9. Мартин вели:

    Којзнае тие Webspot дали воошто и ја платиле wordpress темата што им е за кадевечер. Ова е оригиналната http://demo.freshface.net/file/lcp/wp/. Ова е сајтот кадевечер http://www.kadevecer.com.mk/. Ете вака се прави бизнис во Македонија.

  10. Чекајте малку, луѓе, не пењавете на уста.
    Едно е „позајмување“ на изглед, а друго на бизнис модел.

    Бизнис моделот е тој — и Groupon.com и Grouper.mk го употребуваат, но мислам дека тука нема што да се буните, Не гледам дека Groupon на својот сајт некаде објавил дека го патентирал тоа. А прашање е и дали таков патент воопшто би важел кај нас, особено што Групер работи исклучиво со Македонија, и не му пречи на Groupon во нивниот бизнис.

    Изгледот. Да, сличен е, но — повторно — на Groupon останува да го заштити своето авторско право, ако го има и ако сака. Што се правите дрвени адвокати и штитите и осудувате без да ги знаете околностите? Кој ве повикал? Никој. Chill out and get out.

    Најверојатно, Groupon ќе го погледне Групер и ќе заклучи дека не му е конкуренција и дека е поскапо да се тужи отколку да ги пушти работите.
    Велите, како ќе дознае Groupon за ова? Веројатно, додека го пишувам ова, македончињата-кодоши веќе испратиле емаил со тужи-бапски пораки. Тоа ни е во генот.

    Јас му посакувам на Групер успех во бизнисот — а тоа би требало да го направат и сите добронамерни.

  11. kiro вели:

    Kako mi se s**e od vakvi tipovi ko Martin! Misli deka ja otkril amerika ako ja nasol temata na nekoj sajt ili slicno. Decko site veb strani se napraveni so gotovi temi. Toa e i poentata na temite!!!

    I golem *** ako e ist dizajnot na nasive so grouper, poentata e konceptot a site go imaat zemeno konceptot koj se vika – GRUPNO KUPUVANJE! Dali bojata e ista ili ne – intelektualna sopstvenost na boi nema backo!

  12. Vanco P. Kosturski вели:

    Неколку паметни веќе добија кривични пријави за користење на трговски марки, МВР си бркааат работата кога Марнет се прави на три и пол. Не се однесува на Групер, патем господине Орданоски ме разочаравте :(

  13. Vanco P. Kosturski вели:

    Може ли јавно да ве прашам кога сте волни толку да делите, дали лозинката од е-маилот ќе ја споделите јавно и кога или пак како втор предлог можете ли да го оставите клучот од дома на клучар па да направиме едно илјада копии реда ради…не е патентиран :) " клучот " така беше…

    • Заштитата на трговските марки е по барање на сопственикот на марката, а не по иницијатива на МВР, Марнет, или било кој друг.
      Марнет обично одбива регистрација на општо-познати светски марки за да избегне сопствени главоболки, а не да го заштити сопственикот, бидејќи таков мандат и нема. Ионака, Groupon и Grouper се доволно различни, за да нема проблем со доменот.

      Сосема различно е крадење од куќа со дупликат клуч — тоа Е обврска на полицијата и органите за безбедност, бидејќи се работи за нарушување на јавниот ред и мир.

      Крадење на урнек за Вордпрес не се категоризира во опасности за редот и поредокот.
      Значи, да си оставиме на Groupon да преземе мерки, ако и кога реши да ги преземе.
      Можеби постапката на Групер не е убава, но, барем засега, сеуште е легална. Ниту мене не ми се бендисува, но нема потреба од тоа некој да изигрува Бетмен и самостојно да лови крадци.

      Едноставно, не го користи сајтот, можеби ќе разберат каде згрешиле.

  14. патриот вели:

    Тоа е тоа што постојоно ме разочарува во нашава земја. Какви патриоти сте вие, каков е овој менталитет? Групер е македонски производ. Голем залак е тоа што македонци решиле да направат македонски групон! А за разлика од нив Колектива е дел од америкнската Rebate мрежа, којашто ја има во хрватска и ја шират и во Македонија. Па вие пак поддржувајте го странското секогаш а не нашето – СТРАШНО…ама тоа е во гените, само да се жалиме и да ги ругаме македонските производи па после друг ни е крив!

    • анти-патриот вели:

      од вакви патриоти како тебе тоне се !!!

    • Мартин вели:

      Како е Групер македонски производ? Македонци го украле? Не може да се оправдува тоа крадење само затоа што македонци решиле да направат сајт за групни попусти. Нека се потрудат и нека направат свој дизајн и лого. Повеќе би ги користел услугите на некој оригинален бренд, отколку на некој кој со copy-paste сака да прави бизнис. Нема ништо патриотско во крадење!

  15. Vanco P. Kosturski вели:

    Браво за патриот со скриен профил :) Баш патриотски… Да го избркаме и google како Кинезите…

  16. @webomania вели:

    Gluposti ova Webspot…

    kadevecer.com.mk = http://demo.freshface.net/file/lcp/wp/ (template)
    duskalo.mk = http://wordpress.org/extend/themes/facelook (template)
    grouper.mk = groupon.com (rip/copy)

  17. ... вели:

    Ovie Webspot najverojatno ne znaat nisto sami da napravat osven da go ukradat…. go kopirale izgledo…. kopirale se…..pa duri i videata sto se postaveni na grupon.com…… a neznam ni zosto it.com.mk gi reklamiraat….

  18. @dimovdaniel вели:

    Пребарајте на google "Groupon Clone Script". Можеби veb aplikacijata и воопшто не е работен од нив.

    Но вакви клоневи на скрипти има за многу , многу сајтови.

    Незнам дали е легално но креаторите на ваквите апликаци ( Клоневи ) слободно си ги продаваат на интернет.

    И посакувам успех на Grouper.mk.
    Очекувам квалитетни услуги од нив.

    Сепак во Македонија е потребна малку поголема креативност.
    Ги погледнав скоро сите сајтови на "web design" компании во македонија (во бзата на zk.com.mk ) и скоро 90% од нив се De Ja Vu.

    Ни требаат Курсеви по Photoshop и едно големо Креативно Апче…

  19. Трагач вели:

    Еве најдов нешто креативно кое ги нуди сите промоции од Македонија на едно место. http://www.promocii.mk.

  20. Pece Angelkovski вели:

    Za pozdravuvanje proaktivnosta !

    Prvo sakam da istaknam deka se sto e proaktivno podrzuvam no
    sepak imam nesto da kazam i nesakam licno nikoj da me svaka
    bidejki gledam deka ima mnogu vlozeno vo aplikacijata

    No,
    hahaha, abe neli im e jasno na ljugeto deka plagijati ne pominuvaat.
    Nemoze da se forsiraat naviki od drugo mesto i prostor nad drugi ljuge kade realnosta e druga.

    Barem neka se smisle nesto.. ke se ceni poveke..
    ne deka ke se ceni tuku ke im znaci na ljugeto poveke

    Ako bese taka posle youtube site ke beja youtube
    ama treba da e jasno deka videna rabota ne piminuva ;o)

    please give economy a chance

    innovate !

  21. @nenatd вели:

    Шо е најинтересното у цела прикаска за мене ?

    Масата на луѓе, кои на случаен начин стигнале до информацијата за гроупер.мк им се допаѓа идеата ПОПУСТ и толку! Па уште гледаат видео, ау, интересен дизајн, зелена боја, блабла…

    Тие повеќето, незнаат дека некаде во светот постои тоа или дека идеата е крадена или дека е copy paste, за нив е оригинална и иновативна :). и на тие таквите нити им пречи, нити ги интересира нешто повеќе од попуст..

    За таквите ова е прав deal. и погодете што ? Тоа е целната група, маса на луѓе кои ги интересира попуст, просто е. Ова ние шо си коментираме е само плус за да се рашири идеата. Ништо повеќе.

    Како велат, кучињата лаат, караванот си врви! Така размислува и екипата од гроупер.мк

    Е сеа другата багра ( и ја тука ), што висат на нет и ги следат сите трендови и сервиси се препукуваат едни меѓу други и само се крева прашина.

    Мој совет и размислување, луѓе, ова е време на бизнис војна и во тој свет да не се лажеме, парите се приоритет и сите средства се во игра па и copy paste и како велат, "Кој прв ќе се досети" т.е. брзи прсти.

    Верувам дека од сите што ги критикуваат да е нивни гроупер и да почнат да прават пари све ќе биде океј по дифолт. :) и фино ќе си се смешкаат на таквите ни коментари како погоре.

    Позззз ;)

    П:С: Ја би ги ископирал сите идеи шо функционираат у уса. Имам 2 да набацам од прва шо 100% би прошле низ мк….

  22. Иван Стојков вели:

    Овие Вебспот и понатаму се закопуваат со крадење. Толку ли нема креативна маса кај нас што може да создаде нешто свое? Или толку е знаењето? Копи-пест + превод… Се е кажано погоре:

    kadevecer.com.mk = http://demo.freshface.net/file/lcp/wp/ (template)
    duskalo.mk = http://wordpress.org/extend/themes/facelook (template)
    grouper.mk = groupon.com (rip/copy)

    Па уште они нашле да коментираат со анонимни јузери, као демек ние не сме го ценеле македонскиот труд. Што е следно? Gwoogle.mk и tviter.mk? Не знам како само ИТ.ком мк може со задоволство да промовира вакви таленти без ни малку критика во статијата за крадењето. Не го губете кредибилитетот на сериозен ИТ медиум заради вакви шалабрајзери…

  23. Еден Чоек вели:

    Многу таканаречени "компании" во Македонија што се занимаваат со веб и веб развој немаат појма за стандардите кои треба да ги задоволат. Неможеш ти со тема од тимфорест за 30 долари да правиш бизнис и да кажуваш дека си професионалец, или пак со украден дизајн и идеја.
    Веќе 2 години се занимавам со веб и можам слободно да кажам дека на ниво на земја сме премногу поназад од другите, најмногу поради фактот што квалитетот не доаѓа до израз заради вакви фејкери.

  24. @Naumcho вели:

    Нормално дека неможат повеќе да направат па копираат, разбирам да не е комерцијален сајт. Работата е што повеќе од половина од компанииве што живуркаат во Македонија, сакаат брзи пари. Како што кажа еден над мене попусти. Го земале најпривлечниот термин. Е сега имаме еден друг момент што ако друга група на деца си ја купат истава скрипта и најдат подобри групни попусти. Доаѓаме до трет момент, што ако скриптата е ранлива и некој ги украде личните информации од корисниците.

    Наравоучение: Со деца кога се садат краставици криви испаѓат.

  25. Леон вели:

    Ок во ред е иницијативата да се појават малку по сериозни веб сервиси, веќе цела деценија гледам само news портали на .мк. Ама c'mon користење на "Nulled" скрипти и рипнати дизајни??? Па покрај то ќе му текни на еден и оп уште 20 исти страни никнуват. Исто како да ги гледам ѓупците Индијците само тие вака прават. И плус се чудам како ќе им успее сето ова кога во Македонија не функционира PayPal а другите што функционираат никој не ги користи.

    Еве еден пример како се прави ваков бизнис во Бугарија: http://grabo.bg секоја им чест на дечките колку што гледам растур прават.

    А за сите "креативци" повелете:
    http://www.ndot.in/products/ndotdeals-opensource-…

    Open-Source скрипта на Групон која барем има достојни функции… Да не речам во газ** пикнете си ја :) Па нека никнат уште 50-60 групони

  26. Taurus вели:

    Неделно наградно прашање за Grouper.

    Пронајди ги разликите:
    http://www.groupon.com/subscriptions/new
    vs http://grouper.mk/

    За среќните добитници следуваат награди :)))

  27. Maca Marijana вели:

    Se soglasuvam so komentarite na Martin a i so onie koi slicno razmisluvaat pa nema da dodadam mnogu vo vrska so toa, samo ke kazam deka mi e smaceno od nekreativnosta sto ja gledam okolu mene.. i ne mi e gajle za patenti i licenci – tocno e deka toa e rabota na onoj sto gi poseduva istite.. tuku treba licno za sebe da se bide pokreativen i inovativen zasto e toa tolku tesko!? i Kako moze nekoj da bide gord sam na sebe dokolku koristi veke izmislena tudja ideja?? A ova so “copy – paste” (na tekstovi i dizajni) za zal go primetuvam sekojdnevno na nasite stranici no duri i na nekoi stranski :(

  28. Драган вели:

    Кога можев јас со своја идеја и свој бизнис модел да поминам брда и планини изминативе 10 години сега некој преку ноќ се тупна на пазаров со фалш модул..
    Ама таква ни е рајата, ПОПУСТ сам по себе звучи доволно фино да од дрвото не ја видиме шумата!

  29. Драган вели:

    Е сега што е БРЕНД?!
    Ајде да го просветлам оној погоре кој по се изгледа се осеќа загрозен..
    Најкратко, брендот е збир на лого, дизајн, боја, марка кои ги диференцираат производите услугите од останатите.. за каква диференција тука зборуваме??!

    Патетика..

  30. Nikola вели:

    Ајде бе дечки да оладиме малку, ако некој не е задоволен со оригиналноста на македонските сајтови дај нека направи тој нешто оригинално па сите да бидеме раат, навикнати сме само со критики, овој земал од таму овој од ваму… ама интересно баш за секој што ке направи нешто муабети колку сакаш, бас прееска читав за http://hallohi.net/ дека децкото ја сменил и превел скриптата на socialengine и бла бла бла, ако не ти се допаѓа не ги користи нивните услуги, зосто да се замараме со празни муабети.

  31. Selo banya вели:

    Сте требале да напишете и дека се плагијатори. Од А до Ш се' украле од Groupon и Metro. Ама не може да сакат само брзи пари. http://selo-banya.com/

Коментирај





Current day month ye@r *