Micron ja купи Elpida, стана вториот најголем производител на RAM меморија Micron ja купи Elpida, стана вториот најголем производител на RAM меморија Свет, Хардвер
Објавено на од

Мicron Technology го купи својот јапонски конкурент Elpida Memory за 2,5 милијарди долари, со што американскиот производител на DRAM меморија стана вториот најголем во светот зад Samsung, пишува Reuters. Сега ќе има три големи играчи, Samsung, Micron и SK Hynix кои ќе држат 90 отсто од 30 милијарди вредниот пазар на DRAM меморија.

Моменталниот проблем со DRAM пазарот е што често може производството да ја надмине побарувачката и со тоа цените да паднат, но според аналитичарите можно е оваа аквизиција на Micron да го стабилизира пазарот бидејќи компанијата ќе има поголема контрола врз производството.

„DRAM индустријата оди кон олигополистичен пазар. Појавувањето на три големи играчи ќе помогне цената на DRAM чиповите да се стабилизираат, што ќе стави крај на паѓањето на цените поради конкуренција како што беше во минатото.“, велат тајванските аналитичари Trendforce.

Сепак, сè уште не е јасно што ова значи за индивидуалните корисници, и посебно за PC и мобилна индустрија чии уреди зависат од мемориските чипови. Иако продажбата на PC-ја oпаѓа, сепак се очекува бум во продажбата на мобилни телефони, таблет компјутери и лаптопи, што за DRAM индустријата ќе значи пораст за една третина до 2016-та година, вели Reuters.

Кратко URL: http://1337.mk/35j
IT.com.mk

Објавено од

IT.com.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија. Вебсајт

it.com.mk е-билтен

Е-билтенот ви нуди да се информирате на дневна или неделна база или пак да бидете известени само за најважните случувања, како и за огласите од ИТ Кариера.
Дневен Мора да прочиташ
Неделен ИТ Кариера

Коментирај