Мрежата на Sony PlayStation хакирана?
{mosimage}Во известување до сите корисници на мрежата на PlayStation, компанијата Sony изјави дека е отркиен можен неовластен пристап до лични информации или податоци во PlayStation Store услугата, која претставува сервис до кој може да се пристапи со користење на компјутер за превземање на содржини од мрежата на PlayStation.
Во соопштението се вели дека мал процент од лозинките на корисниците на PlayStation Network се под големо сомнение дека се сменети или искористени за време на неовластениот пристап. Ова дело им овозможило на напаѓачите да се здобијат со личните податоци на корисниците или пак да ја користат услугата Wallet за купување на разни производи.
Корисниците биле известени од страна на Sony дека нивните кредитни картички не биле загрозени поради тоа што со самото влегување во тој дел на мрежата не биле прикажани сите броеви од кредитната картичка.
Во секој случај, Sony превземал итни мерки за да се закрпи "дупката" и да се врати сигурноста на системите кои се користат.
За оние кои сакаат да проверат дали нивната сметка е загрозена, треба да се најават во мрежата со нивните кориснички имиња и сетираните лозинки и ако тоа успешно го направат би значело дека нивните сметки не се допрени од страна на хакерите.











Leave your response!