Највлијателните личности во ИТ секторот во Македонија, според Глобус Највлијателните личности во ИТ секторот во Македонија, според Глобус ИТ.МК
Објавено на од

Во најновиот број на неделникот Глобус се објави листа на „20 највлијателни личности во македонската информатичка технологија“. Списокот на највлијателните личности е подолу заедно со објаснувањето за влијателноста. Се чини распоредот е случаен. (btw листата има повеќе од 20 луѓе, има 23 наредени точки, но има и по два-тројца поврзани со компанијата…)

  • Игор Лештар, сопственик на Seavus – Seavus е најголема ИТ компанија во Македонија со над 500 вработени. Нивните програмски решенија се продаваат низ 68 земји.
  • Владимир Трајковиќ, професор на ФЕИТ – ко-основач на Seavus, веќе не работи во компанијата поради „дијаметрално спротивните гледишта со Игор Лештар“. Тој е претседател на Здружение на граѓани ИЦТ АЦТ, објавува ИТ текстови во Springer. Креатор на прва електронска група за размена на литература за ИТ. Сопственик и дизајнер на Sportypal.
  • Предраг Чемерикиќ, Сашо Мацаноски – Трендо и Горан Милев, сопственици на On.net – On.net e интернет оператор со сопствена веб страна.
  • Иво Ивановски, министер за информатичко општество – го води проектот е-Влада и е заслужен за ИКТ развојот на образованието.
  • Јани Макрадули, пратеник и асистент на ФЕИТ во мирување – постојан креатор на владина програма за информатичко општество.
  • Бардил Јашари, директор на Фондација Метаморфозис – Метаморфозис е организација која ги истражува можностите за развивање партнерство за зголемување на јавен пристап до информатичка технологија во Македонија. Г. Јашара води најголем број проекти за развој на ИТ на национално и меѓународно ниво. Комесар во Агенција за електронски комуникации – регулаторни орган за телекомуникации во Македонија и членува во Националниот совет за информатичко општество на Македонија.
  • Игор Трајковски, професор на ФЕИТ и сопственик на Time.mk – Еден од ретките македонци кој работел во Google. Креатор на Time.mk и Borg.mk.
  • Владислав Попов, директор на Neocom – најстара ИТ компанија во македонија. Развива стратегија за имплементирање и одржување на доверливи системи, клиенти му се Фонд за здравство, Cosmofon, Македонски пошти, ЕСМ, Мобимак…
  • Маргита Кон-Поповска, професор на ПМФ и претседател на УО на МАРНет – претседател на управен одел на МАРНет, тело кое раководи со интернет домени во Македонија и се грижи за над 3.000 сајтови. По нејзина заслуга изградена е универзитетска гигабајтска оптичка и безжична мрежа.
  • Александар Марјановиќ, основач и раководител на Alexandria – Alexandria е најстариот ИТ едукативен центар во Македонија. Продуцира кадар како: мрежни инжинери, администратори, графички дизајнери…
  • Ванчо Ордановски, директор на InfoProject – автор на закон за интернет трговија и иницијатор за формирање на Национален форум за интернет надзор.
  • Огнен Фирфов, раководен директор за продажба на Македонски телеком – има заслуга за воведување на Интернет во Македонија, има учество во изградба на интернет сервисот на Македонски телеком. Работи на MаxTV услугата.
  • Венко Глигоров, директор на Login Systems – го донесе Canon во Македонија, со Login Systems работи со компании од соседството.
  • Александар Пајковски и Коце Петров, основачи на Дуна компјутери – основачи на најбрзо растечкото ИТ претпријатие, единствен провајдер на AIDC решенија на македонски пазар, основачи на прва дигитална печатница, го реализираа проектот за одбележување на домашни животни со вградување RFID чип во соработка со Институт за сточарство при Земјоделски факултет. Го донесоа Apple vo Македонија, дистрибуираат Garmin GPS алатки.
  • Миша Поповиќ и Игор Стаматовски од Слободен софтвер Македонија – претседател и потпретседател на Слободен софтвер Македонија, организација која го промовира Слободниот софтвер и локализирање на истиот. Основачи на хаклабот КИКА. Работат на Национална политика за слободен софтвер.
  • Сеад Џигал и Дарко Булдиоски, основачи на Центар за нови медиуми – блогери и креатори на Центар за нови медиуми, промовираат ефективна употреба на нови медиуми, промовираат медиумска описменување.
  • Зоран Глигоров и Здравко Стафилов, творци на Macedonia Search – порталот содржи вести, но и најголем директориум на македонски сајтови. Преведуваат TED говори.
  • Тони Петрески, директор на INet – INet е најголем дистрибутер на IBM за Македонија, Косово и Албанија.
  • Васко Кроневски, директор на Next Sense – Next Sense e креатор на електронски систем на зонско паркирање, домаќин на конференцијата за е-демократија со над 50 гости од југоисточна Европа, Среден Исток и Африка, креатор на ulsugi.gov.mk, работат на решенија за јавен сектор.
  • Горан Митрески, директор на КабТел CableTel – претседател на Управен одбор на МАСИТ, член на борд на директор на WITSA. КабТел CableTel две години по ред е меѓу 200 најуспешните компании во Македонија и се единствен сертифициран тренинг центар за LAN кабелски системи на Балканот. (Големо извинување до г-динот Митрески за случајната грешка… :$)
  • Мери Кучера-Илиевска, директорка на Oracle за Македонија – Oracle дистрибуира софтвер ширум светот на 370.000 корисници.
  • Илијанчо Гаговски, директор на Microsoft Македонија
  • Петар Индовски, менаџер на GORD Systems – развива и имплементира решенија за мали, средни и големи претпријатија. Добитници на МАСИТ награда за деловни решенија за работење на швајцарската компанија DiaHEmAG.
Кратко URL: http://1337.mk/iy
IT.com.mk

Објавено од

IT.com.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија. Вебсајт

it.com.mk е-билтен

Е-билтенот ви нуди да се информирате на дневна или неделна база или пак да бидете известени само за најважните случувања, како и за огласите од ИТ Кариера.
Дневен Мора да прочиташ
Неделен ИТ Кариера

50 коментари

  1. Никола вели:

    Не Владимир Трајковиќ, туку Глигор Дачевски е креатор на SportyPal и ко-основач на Seavus. А Владимир Трајковиќ е професор на ФЕИТ.

    Глигор Дачевски – http://mk.linkedin.com/in/gligordacevski

  2. @webomania вели:

    Креатори на Убунту се „Слободен софтвер Македонија“ ?!?!

  3. Глигор Дачевски вели:

    Па точно е дека сум основач на Сеавус заедно со Владо и Игор, и точно е дека Владо е од самиот почеток во тимот кој го креираше Sportypal.

  4. Aleksandar вели:

    "Предраг Чемерикиќ, Сашо Мацаноски – Трендо и Горан Милев, сопственици на On.net – On.net e интернет оператор со сопствена веб страна."
    On.net е во сопственост на One сега.
    Во кој број на Глобус е објавена листата? ми изгледа како стара спомнати се Мобимак и Cosmofon исто така.

  5. Dimitar Spiroski вели:

    Интересно е што неколку од овие влијателни луѓе се и редовни посетители и пишувачи на it.com.mk форумот.

  6. Anonymous вели:

    Interesno sto se obrnalo vnimanie na ovaa tematika. Vo sekoj slucaj mnogu zastareni podatoci i neprecizen metod na nominacija i selekcija na individuite. Zalosno sto vo listata nema licnosti kako Marjan Gusev ili pionerite od MTnet, a se nasle licnosti koi se zanimavaat so maloprodazba a ne ICT vizionerstvo.

  7. DeeJayZone вели:

    Информативна статија.
    Сепак, обрнете малку внимание и на текстот, како да е пишуван на трчање („голтање“ букви и сл).

  8. Арангел вели:

    Текстот нема врска, повеќето работи не се проверени како што треба, и очигледнно комисијата која што ја составувала листава не разбира WTF. Кои се критериумите?! факинг #mkfail.

  9. vgfeit вели:

    Toni Janevski received a Dipl. Ing., M.Sc., and Ph.D. in electrical engineering
    from the University “Sv. Kiril i Metodij” of Skopje, Macedonia, in 1996, 1999,
    and 2001, respectively. Since 2001, he has been an assistant professor on the
    Faculty of Electrical Engineering at the University “Sv. Kiril i Metodij” of
    Skopje, where he teaches undergraduate courses in switching and traffic theory
    and in telecommunications networks, and graduate courses in wireless multimedia
    networks and in the design, modeling, and analysis of telecommunications
    networks. He is also an adjunct assistant professor at the Military Academy in
    Skopje, where he is teaching courses on multiplex systems. From 1996 to 1999,
    Dr. Janevski worked for the Macedonian GSM 900 mobile operator Mobimak
    on the cell planning and dimensioning of cellular networks, as well as on traffic
    and performance analyses. In 2001 he conducted research in optical communication
    at the IBM T. J. Watson Research Center in New York. His research
    interests include mobile and multimedia networking, IP technology, traffic theory,
    quality of service, dimensioning, and optimization of wireless networks. He
    is a member of the IEEE Communication Society.

  10. Jony^ вели:

    Uzas,ima lugje koj navistina nisto ne napravile za IT

  11. Невен Пејков вели:

    како што кажав вчера пфффф на листата има неколку ОК луѓе другите се за бришење под хитно!
    и не ми бришете коментари или ќе ве караат нарачателите на сторијата ?!

  12. Зоран вели:

    Сите овие луѓе случајно се нашле во ИТ светот.
    Тие не направиле ништо за развојот на ИТ во Макеоднија туку само за својот џеб.
    Сте се запрашале за колку пари работат 500-ните луѓе во Сивус.
    Секоја чест на луѓето од „Слободен софтвер Македонија„.
    За развојот на ИТ во Македонија се армијата млади кои се самоедуцира (на нашите факултети се добива знаење 0), а кои подоцна некои од погоре споменатите „бизнисмени„ ги користи за споствено богатење.

  13. @poposkidimitar вели:

    Доста информативна листа…најинтересно од се е што сеуште ИТ технологијата се смета за битен развој на едно општество, наместо Информациските науки да бидат составен дел…Потполно разбирливо ми е ИТ да биде profit-driven ама сепак ми се чини дека поголем акцент треба да се стави на достапноста до квалитетни (академски) содржини и информациски (повторно академски) портали…Тим Бернард-Ли повика кон бесплатен интернет онаму каде е тоа можно…кај нас тоа треба да е приоритет во контекст на образованите институции (одлична работа е бесплатниот нет околу училиштата и универзитетите) и библиотеките (пред се друго). Информациската инфраструктура мора да се подобри и МАРНЕТ тука треба да има главна улога. Поврзаноста е едно, меѓутоа сосем друго е пристапот до квалитетна информација. Првиот чекор е направен (поврзаноста), за вториот се чека да помине време…

  14. @poposkidimitar вели:

    Додека народот осиромашува од монополот кој долго време го имаше Телеком, се ставаме во ситуација истите оние кои заработија на ИТ имплементацијата да ги искористат истите средства за изигрување на локални подржувачи на идејата за општество базирано на знаење преку европските фондови за ИП7. ИНФОРМАЦИСКАТА ПИСМЕНОСТ не смее да биде запоставена во ниту еден случај. Неформалното образование мора да се интензивира преку признавање на достигнувањата на луѓето кои немаат можности да се образуваат (најчесто заради немање на финансиски услови) преку бесплатни семинари и воркшопови овозможени од високообразовните институции.

  15. @poposkidimitar вели:

    За жал, тоа не е профитабилно за ИТ компаниите туку за целото општество…И баш затоа имаме проблеми со разбирањето и имплеменацијата на општеството базирано на знаење…

    Колку да се обидам да бидам поедоставен, не можам а да не ја парафразирам Catherine Ngugi
    која индиректно го потенцира високото образование како модел кој во зависност од вложувањата (не во технологија, туку ресурси и содржини) ќе биде главен двигател на економските промени…

    Знаењето е сила, листата е моќ…

  16. Јас вели:

    Гиле не е здрав …

  17. Tihomir вели:

    Секоја чест на колумните на Трендо, но неговото влијание врз развојот на ИТ секторот во Македонија е навистина смешно и неговото појавување на оваа листа е во најмала рака навредливо за останатите….

  18. Frenki вели:

    Hahaha daj be ne se zezajte so listava , kako moze da go nema prof. Marjan Gusev , nikoj od Peksim (kolku i realniot sopstvenik na listava da go boli ) , SnT , Ekonet (prvite Ciscovci vo drzavava) Semos itn itn . Kompanii sto ovde pravele profiti ama i terale ogromniiii proekti vo MKD i nadvor seedno. Sega mi mesate kabelski operatori i web sajteri so IT sektor……nema veze !!!

  19. Игор вели:

    Со бришењево коментари се покажувате во крајно непрофесионално светло. Сега е појасно и зошто листава е ваква каква што е… Смешна.

    • @ViktrArs вели:

      ? Не е избришан ниеден коментар… Не бришеме коментари кои критикуваат и имаат спротивно мислење, но бришам навреди, пцовки, вулгарни и непотребни коментари…

      И тоа што ти е појасно зошто листата е таква… IT.com.mk не ја направи листата. Глобус магазин ја направи, ние само ја споделивме. Пишува во насловот.

  20. Весна Стојанова вели:

    На листава има навистина имиња кои навистина направиле многу за развојот на ИТ секторот во Македонија. Секоја чест за нивната способност и храброст.
    Ај догодина подобра листа, и да се надеваме дека ке биде изготвена врз некои физички показатели.

  21. Filip вели:

    Dobro be ste cule vie za TELESMART TELEKOM????

  22. Damjan вели:

    On.net и Метаморфозис врска немаат. On.net е тапа жива во секој поглед и не сфаќам што го ставиле Трендо како "фаца" кога освен што го полни сајтот со глупости, не знае ни USB да уштека. А Метаморфозис перат пари преку Сорос, ништо повеќе. Посебно тој ретардираниот Филип од Метаморфозис, врска нема од животот.

  23. Damjan вели:

    А што се случи со PayPal? Министерот најави уште пред 2 години дека за 1 година ќе има во Македонија, зошто фатиле врски демек преку некој што го знаел основачот. Врска нема, ветер и магла, али ај…

    • Daniel Janev вели:

      последно шо прочитав и тоа на некој српски портал дека Македонија и Србија заедно ќе бидат приклучени до крајот на годината. А врски и слични работи за ова поднебје не палат тамо :)

      Да не бидам оф топик :) Се слагам дека листата не е перфектна и има пропусти, ама барем некој седнал и се потрудил. Сега барем за наредните има референца и потенцијал да се подобри.

  24. Ноки вели:

    Не ми се верува Петар Индовски е еден од највлијателните личности во ИТ секторот во Македонија. Прво фирмата е со 2-3 вработени братучеди, и тетка имавме можност да соработуваме со нив и најискрени не би им ги препорачал никому додека оние кои што ја креирале листава треба час поскоро да ја ревидираат

  25. zIWe вели:

    Секоја чест за сите истакнати ИТ луѓе во Македонија… но како и поголемиот дел од луѓево што коментираат, така и ја ќе кажам дека има некои мали утки во врска со некои членови. Како и да е, има и луѓе кои вредно работеа и работат и СЕКОЈА ЧЕСТ за нив. Посебно ме радува што дел од нив активни се и тука на http://www.it.com.mk.
    p.s: не сакам да бидам сватен погрешно, како ете се правам за да добијам на поени кај админите на IT.com.mk али… барем како тим да ги спомнеа дечките, што има врска ако не се професори на факултет? :) А и дечките од "Клик", емисијата на АЛФА ТВ.

  26. би_4 вели:

    Данчо Давчев , Професорот по Бази на Податоци на ФЕИТ не е спомнат , човекот е лудило , има спомнато луге од ФЕИТ , за кој не велам дека не треба да им е чест тоа што го прават , сепак ми е криво навистина зошто не е спомнат баш Данчо Давчев , а за он.нет.мк , шо разбира Трендо освен да мава зелени и да му работат серверите , а тој да зема пари

  27. Студент финки ИНФО вели:

    многу поздрави за професорот на ФИНКИ Владимир Трајковиќ и до вашата редакција што споменува личности кои се важни не само за ИТ сферата од Македонија туку и за цела европска
    ИТ сфера.

Коментирај





Current ye@r *