Обама претстави iPhone апликација
{mosimage}Колку и како може ИТ да влијае на политиката? "Оваа алатка е дизајнирана директно да ве инволвира во нашата кампања за донесување промени во нашата земја" – вака беше преставена Оbama ‘08 iPhone апликацијата на блогот на сенаторот Барак Обама, кој е кандидат за претседател на САД.
Апликацијата за iPhone содржи алатки со најновите вести, слики и видеа од кампањата, но и опција „Call Friend" со која луѓето можат да се поврзат со своите пријатели и да ги потсетат да гласаат за Обама.
Mногу американски медиуми, како блогот за технологија на The L.A. Times, The Washington Post, Bits и MacWorld го подржаа претставувањето на оваа iPhone апликација.
Реакциите на американските медиуми за користење на ИТ потенцијалот е доста позитивен. И Обама и Мекејн, вториот кандидат за претседател на САД, ги користат друштвените мрежи, пр. Facebook (Мекејн има сопствена друштвена мрежа)и YouTube за рекламирање, собирање донации и собирање на гласови.
{mosimage}
- Интернет иницијативата, овозможувајќи луѓето да собираат гласови од пријателите и соседите, беше голема тема во кампањата на Обама – пишува њујоршкиот блог Bits.
Но политиката и ИТ не се искористени само од политичарите. „Обичните“ луѓе од целиот свет па дури и оние кои немаат право да гласаат се заинтересираа за оваа кампања за претседател на најмоќната земја во светот која трае веќе година дена и сами се вмешаа преку блоговите и своите профили на друштвените мрежи.
Додатно на Google може да се најде и мапа на САД која на гласачите им овозможува да го пронајдат најблиското изборно место, а најновото нешто е проектот на Леонардо ди Каприо, односно реклама со познатите личности со која се нагласува поврзаноста на луѓето и како тие можат да влијаат на натамошното гласање и раководење на земјата.












Leave your response!