Pacman во HTML5
Kористејќи ги новите HTML5 веб стандарди, програмерот Дајл Харви направи игрива верзија на Pacman објавувајќи ја на својот блог.
„Зошто го направив? Сакав да си играм со новите веб технологии па пишувања на едноставни игри за прелестувачи изгледаше како добра идеја. Моментално користам localStorage, HTML5 audio, Canvas и @font-face. Еве неколку проблеми и багови на кои наидов пишувајќи ја играта, во надеж дека ќе спречат на некој веб програмер да го фрли лаптопот преку прозор. Кодот е на Github.“
Интересно иако за HTML5 се вели дека ќе ослободи ресурси во споредба со Flash-от, сепак програмерот Харви дека неговата canvas имплементација, иако со можност за подобрување, сепак користи исто CPU како Flash имплементација.
Исто така за играње на HTML5 Pacman-от потребно е да имате најнови верзии на прелистувачите кои ги подржуваат новите веб стандарди.











Не сум веб-јаваскрипт програмер, но реално која е преднста да се скапеш од програмирање во јаваскрипт кога Adobe Flash има перфектна GUI развојна околина, а и како што кажува програмеров придобивките и не се многу големи а може и никакви.
Leave your response!