IT.com.mk користи интернет колачиња за да го подобри вашето искуство на сајтот.Прочитај повеќе
Патент на Google открива отклучување на Android со гласовна идентификација Патент на Google открива отклучување на Android со гласовна идентификација Мобилни
Објавено на од

Откако Slide to Unlock патентот на Apple претставуваше значително интензивна главоболка на Samsung,  решението за овие клучни проблеми можби доаѓа да дојде директно од матицата на нивниот софтвер, Google.

Google претходно експериментираше со софтвер за препознавање лица преку кој ќе се отклучуваат Android уредите, но тој метод беше „генијално“ пробиен со користење на слика на сопственикот на уредот.

Сега Google работи на алтернативни начини за отклучување на Аndroid уредите, меѓу кои и гласовна идентификација, што може да служи две функции, открива Patently Apple. Со една наредба, корисникот ќе ја започне бараната функција кај телефонот, со што и ќе го вклучи. На сличен метод ќе можете да пристапите кон некои апликации директно, уште кога е заклучен вашиот телефон, со тоа што уникатниот начин на пристапување на апликацијата ќе биде регистриран исто така и како наредба за вклучување. Отклучувањето на телефонот исто така би можело да се одвива преку цртање на едноставен симбол, но овој метод потенцијално може да биде пробиен од некој што внимателно набљудува од страна, посебно ако вашиот симбол е знакот плус како што кај лозинките најпопуларни се лозинките 1234 или qwerty.

Овие патенти се сè уште во рана фаза и не е сигурно дека ќе бидат имплементирани, или кои од нив ќе бидат имплементирани. Традиционално е за големи компании да аплицираат за голем број на патентни, многу од нив спекулативни, што никогаш не ни стигаат до масовно производство или пазарот.

Кратко URL: http://1337.mk/2lu
Дамјан Цветков-Димитров

Објавено од

Дамјан Цветков-Димитров е freelance автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, социјални мрежи и електронска музика. Вебсајт

it.com.mk е-билтен

Е-билтенот ви нуди да се информирате на дневна или неделна база или пак да бидете известени само за најважните случувања, како и за огласите од ИТ Кариера.
Дневен Мора да прочиташ
Неделен ИТ Кариера

1 коментар

  1. anonimen :/ вели:

    Nemam zborovi ednostavno It THE BEST

Коментирај





Current day month ye@r *