IT.com.mk користи интернет колачиња за да го подобри вашето искуство на сајтот.Прочитај повеќе
Пристига групното купување во Македонија со Колектива Пристига групното купување во Македонија со Колектива ИТ.МК
Објавено на од

Следниот месец, во јануари, во Македонија официјално ќе стартува Колектива, веб сајт кој секој ден нуди групни попусти од разни локални продавници, ресторани, бутици, кина… веќе има околу 60 .мк бизниси кои се заинтересирани да ги понудат своите услуги преку сервисот, вели Ванчо Костурски, кој го води Колектива.мк. На почеток ќе биде само во Скопје, а потоа ќе се додадат и другите градови.

„Со влегување на Колектива на пазарот, се прави револуција. Тогаш реално започнува е-трговијата да тече, бидејќи се појавуваат многу веб сервиси и бизниси кои можат да функционираат со сајт за колективно купување“, вели тој.

На кратко објаснето: локален бизнис, пример пицерија, преку Колектива ќе даде 50% попуст на своите пици, но само доколку се соберат, пример, 20 заинтересирани потрошувачи. Заинтересираните потрошувачи купуваат купон за пицата преку Колектива, која не наплаќа веднаш, туку ги резервира парите. Доколку се соберат 20 луѓе, тогаш попустот е успешен и сите со купон добиваат 50% поефтина пица. Доколку нема 20 заинтересирани кои ќе се понудат за купон, тогаш попустот е неуспешен и парите им се враќаат на сите кои претходно резервирале.

Покрај попусти за корисниците, придобивката за локалните бизниси е што сервисот за групно купување им носи нови потрошувачи, добиваат куп сигурни потрошувачи и делува како поефтина и сигурна реклама. Kолектива од својата страна зема мал процент од продажбата.

Сервисите за групно купување се покажуваат како успешни и во западните и во балканските земји. Неодамна во САД две-години-стариот Groupon одби да се продаде на Google за 6 милијарди долари, верувајќи дека има повеќе потенцијал и вредност. Во Шпанија тазе стартуваниот Groupalia пријави 3 милиони долари приходи само за декември. А што се однесува на Балканот, хрватската Колектива веќе има над 44.000 продадени купони од стартувањето во јануари 2010-та.

Колектива е дел од Rebate мрежата која има вакви сајтови за е-трговија во 25 земји и над 280 града. Сервисите се под различни имиња заради различниот пазар, додека со името „Колектива“ се појавува во Хрватска, Србија, Бугарија, Словенија.

Кратко URL: http://1337.mk/1u1
Виктор Дано

Објавено од

Виктор Дано е уредник на IT.com.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographics. Вебсајт Google+

it.com.mk е-билтен

Е-билтенот ви нуди да се информирате на дневна или неделна база или пак да бидете известени само за најважните случувања, како и за огласите од ИТ Кариера.
Дневен Мора да прочиташ
Неделен ИТ Кариера

5 коментари

  1. Imapopust Mk вели:

    Честитки . Ви посакувам успешна работа

  2. [...] се најавија два сервисa за групно купување, Grouper и Kolektiva кои планираат во текот на јануари да ја стартуваат [...]

Коментирај





Current day month ye@r *