Работниците се се почесто на друштвените мрежи додека работат
Се повеќе се закачуваме на друштвените мрежи додока сме на работа, вели истражувањето на Trend Micro. Според анализата, 1.600 интернет корисници, кои користат имејл и се по 5 часа дневно на компјутер, од 4 земји: САД, Британија, Германија и Јапонија во последните 2 години се почесто, поточно 5% повеќе се закачувале на друштвените мрежи додека се на работното место.
Од испитаниците дел биле од големи компании каде користењето друштвени мрежи додека се на работа е помало, можеби бидејќи поголемите компании филтрираат пристап до одредени сајтови. Таков е случајот и во Македонија. Додека пак, кај помалите компании, приклучувањето на друштвените мрежи додека се работи е поголемо.
Интересно работниците со лаптоп почесто се закачувале на интернет, поточно 11% повеќе одошто работниците со десктоп компјутер.
Но… ова не мора да значи дека работници не сакаат да работата па одгледуваат растенија на виртуелните фарми. Напротив ова може да значи и дека друштвените мрежи стануваат важен извор на информации и контакти, секако зависно од професијата.












Leave your response!