IT.com.mk користи интернет колачиња за да го подобри вашето искуство на сајтот.Прочитај повеќе
Стартува Евтино.мк, првиот .мк агрегатор на групни попусти Стартува Евтино.мк, првиот .мк агрегатор на групни попусти ИТ.МК
Објавено на од

Не требаше многу да се чека за да го видиме првиот .мк агрегатор на групни попусти. Евтино.мк е проект на Даниел Брзанов, веб дизајнер и веб програмер, кој вели дека иако проектот е во алфа, го стартува заради текстот што го објавивме (можеби да се биде прв?), иако требало да се доразвие малку да се додадат понудите од другите сервиси за групни попусти.

Според Даниел, јасно е дека групното купување станува популарен тренд и во Македонија. Повеќето негови пријатели купуваат купони често.

„Сајтот ќе биде корисен бидејќи тука ќе може полесно да се најдат дневните понуди од разните сајтови.“

Во моментот Евтино.мк е во алфа, првична фаза и ги агрегира понудите од Kolektiva и Grouper, наскоро ќе бидат додадени и од другите 4 сервиса, а можеби и уште. „Да се надеваме дека ќе има уште нови сервиси.“, вели Даниел.

Сервисите за групно купување нудат дневни попусти на локални зделки. Потребно е да се соберат доволн број луѓе за тој попуст да успее, во спротивен случај се враќаат парите. За да ги промовираат тие дневни зделки сајтовите најчесто користат имејл пораки да ги презентираат на корисниците, доколку заинтересираните корисниците не ги посетуваат сајтовите секој ден. Но, во моментов во Македонија има 6, што отвара врата за агрегатор на тие понуди. Наместо да се посетуваат шест сајта и прелисутваат понуди, вие имате еден агрегатор кој ги собира сите понуди, налик на агрегаторите за вести.

Кратко URL: http://1337.mk/4v
Виктор Дано

Објавено од

Виктор Дано е уредник на IT.com.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographics. Вебсајт Google+

it.com.mk е-билтен

Е-билтенот ви нуди да се информирате на дневна или неделна база или пак да бидете известени само за најважните случувања, како и за огласите од ИТ Кариера.
Дневен Мора да прочиташ
Неделен ИТ Кариера

Коментирај





Current day month ye@r *