Светска банка со иницијатива за отворени податоци
Светската банка го стартуваше data.worldbank.org сајтот преку кој секој има отворен, бесплатен и лесен пристап до и превземање на податоци и показатели за развој на институцијата.
„Верувам дека е важно податоците и знаењето на Светската Банка да бидат достапни за секого. Статистиката ја кажува приказната на луѓето во земјите во развој и можа да одигра голема улуга во надминување на сиромаштијата. Податоците се сега лесно достапни преку мрежата за сите корисници, и можат да се искористат за креирање на апликации за развој.“ вели претседателот на Светската банка Роберт Б. Зоелик.
Отворените податоци ќе овозможат на луѓето, институциите и организациите да креираат апликации, визуелизации и програми кои ќе се користат за спроведување на разните проекти, но и можност податоците да се искористат и за изнаоѓање нови решенија за борба против сиромаштијата. Исто така г-дин. Зоелик најави и натпреварување за апликации.











Leave your response!