T-home Epic Fail!

автор: Виктор Арсовски // 20 апр 2010, 15:11 // ИТ.МК
T-home Epic Fail!

Како може огромен интернет провајдер да не може да поправи проблем 12 часа? Интернет конекцијата ја снема сабајлето во 3, барем кај мене, а се појави во 15 часот. 12 часа македонските корисници беа без поим што се случува. Би сакал да си го сменам провајдерот. Но сите ние сме обврзани со договор на година-две.

Што следува сега откако комуникацијата на многумина е нарушена, упропастен е работниот ден, упропасте ни се школските часови… дали T-home ќе понуди бонус бесплатен ден? Додатен гигабајт да се искупи за ова грешка? Не… арогантното однесување ќе продолжи како ништо да не било.

„Имаме проблем со интернационалните врски.“ вели корисничката служба без идеја кога ќе биде решен проблемот. Ниту има официјално објаснување што е проблемот, ниту ќе има професионално извинување. Како ништо да не се случи. 12 часа. Но… затоа на информативната страна за Корисничка поддршка ќе најдете уште реклами и услуги. Каков однос е тоа спрема корисникот кој плаќа за услуга?

Да биде ситуацијата уште позабавна, ова се случува еден ден откако се објави оваа вест – Македонските корисници задоволни од услугите.

„Македонските граѓани се задоволни од актуелните цени што ги плаќаат за фиксен, мобилен телефон и интернет како и квалитетот што го добиваат од овие телекомуникациски услуги. Ова го покажува најновиот извештај на агенцијата за електронски комуникации.“

Ненамерно, но со право АЕК е напишана со мали букви!

Сакате да знаете што мислат интернет корисниците чија работа зависи од таа конекција. Еве го Twitter и еве го форумот за да видите колку се корисниците задоволни. Уживајте!

Слични написи

27 коментари »

  • димитар said:

    А јас пак си мислев само јас имам проблеми. Ова на светско ниво никаде го нема… па не некои цели бизниси им зависат од интерент а тие си допуштаат олкав временски период да не лишат од него.

  • Guest said:

    Оваа дискусија воопшто не е објективна, овде се остават само постови кои пишуваат против t-home, останатите се бришат

  • @ivan1real said:

    Најлошото е што нема алтернатива, мора на срањево да се седи…

  • Igor Commie Ristovski said:

    Најлошото е што и One корисниците мораат да страдаат зошто One зема интернет од T-home

  • @darko156 said:

    Кој недоквакан пазар сме бе… без најава.. без предупредување, без поддршка… без официјално известување, без ивинување… без отоврени линии…

    Ц, ц, ц,

    Дали може по некој основ да се тужат? Дали во договорите има некоја клаузула за прекини на снабдување или гаранција за квалитет на услугата? Дали ако докажам дека ми наштетиле на бизнисот за извесна сума можам да добијам обештетување?

  • Стефан said:

    T-home, T-mobile се убедливо најскапи провајдери во мк независно дали се работи за мобилна фиксна или пак интернет, ама најинтересно е што сите си ќутат, им одговара така, зошто да плаќаат помалку кога може повеќе имаме ние пари кој е тој што нема?? Да сум јас во менанџерскиот тим би дал предлог да ги зголемат цените на сите услуги за 100% минимум, пак сите ќе си плаќаат, додека има овци ке има и волна, што да се прави, тие се во право, а вие плаќајте си, така сакате поззз

  • Goran said:

    t-home се закон, сега и оптика ке ни донесат ЈЕЕЕЕЕ!!!!!!!

  • Jeton said:

    Единствено што ми е инает е нивното „елитно„ однесување.
    Ни извинување, ни ништо.

    Arrogant bastards.

  • @ViktrArs said:

    Не е објективна? 20 луѓе зборуваат… Во ред. Twitter e јавен сервис. Повели најди ги твитовите кои фрлаат позитивно светло на Т-хоме и ќе ги постирам.

    Имаш и линк до форум дискусија за брзината на СИТЕ провајдери.

  • @ViktrArs said:

    А ако мислиш на коментарите. Повели коментирај, пораката ќе ти се појави веднаш – не се претходно администрираат – удри PrintScreen, дај ни ScreenShot дека е избришан коментарот.

    Веруваме во отворена дебата и секое мислење е ценето, без врска дали се слагате со нас, со другите или не. Единствено ќе избришам коментар кој е навредлив и вулгарен, пред се бидејќи има начини како да се каже дури и агресивна мисла со културни зборови.

  • Vonko said:

    Ко сте потпишале со ѓаолот. :) А кај имате вие во договорот дека телеком ќе ви пружи пет деветки авејлабилити?
    Да имало, и некако, вака џ муабет. бекап линија за фирмите (проблемот беше стварно „интернационален“), или мрчење, друго нема.
    Ко шо викаат Дарко и Јетон, нема ни извинување од телеком, тоа само кажува колку се они кориснички ориентирани.
    Поздравчиња

  • Рубин Ѓеровски said:

    А лошото е шо и да смениш оператор, пак истото ќе те снајдеше. Колку шо сум информиран и кабелските оператори земаат интернет преку Т – хоум. Има уште многу многу муви да јадат нашиве додека се постигне стабилна интернет мрежа низ цела Македонија.

  • petrusevski said:

    Работам во еден локален интернет провајдер, кој зема интернет од неотел.
    Немаше вакви проблеми кај нас.. така да не ги оправдувајте со: `проблемот беше стварно интернационален` !
    И еден кабел да е скинат, да речеме автопатот накај србија, има бугарија, има албанија, има грчка како бекап линкови..

  • Angel said:

    Нема потреба од вакви наслови. Објективно новинарство биднува и без хејтање. Со вакви статии само си ги затварате вратите пред потенцијалните спонзори.

  • @ViktrArs said:

    Не е намерата да се предизвика нервоза, туку го искористивме epic fail како интересен ИТ жаргон кој супер ја објаснува ситуацијата, пример fail се користи за моментот на случувањата.

  • Дамјан said:

    Па One и не зима баш интернет од T-Home (но во дел од земјата препродава T-Home услуга)

  • @minimoog77 said:

    Не е хејтање. Немањето на интернет е пипава работа. Дури е полошо од немањето на струја (за струја вака така можеш да имаш некаков backup, UPS, агрегат), а за интернет? Не беше ова 5 минути туку неколку саати, а немаш инфо од страна на провајдерот што и како. Тоа е проблемот.

    За мене конкретно, не можев да работам на апликацијата (ми треба интернет за тоа) не дај боже да требаше да правам commits/push/pull од git сервер.

  • Зезнат said:

    Грешка си информиран. Телеком веќе неколку години не е единствен оператор со интернационални линкови. Тоа веќе го има секој посериозен оператор во државава.

  • Зезнат said:

    Реалниот проблем е што Телеком нема сериозни бекап линкови.
    Ах да, исто така Телеком им наплаќа за peering на останатите провајдери (освен на нивниот партнер ONE), па затоа кога ќе му паднат линковите, не може да го прерутира сообраќајот преку нив. Тие можеби не можат да го „покријат“ целиот капацитет на Телеком, но можат многу да му помогнат во таква ситуација. Но, кога некој ти наплаќа за peering (за што нема никаков трошок), некако тешко е да му помагаш кога има проблеми, зарем не?

  • Дарко said:

    Де де, нема да умреме без интернет неколку часа. Се случува на сите, неможе да се овозможи 100% стабилност на врска и тоа е тоа. Ипак сметам дека дечките од Т-хоме се најпрофесионални околу интернет услугите, бар кај нас во Македонија. Од друга страна, пак можеа некоја изјава да дадат што се случува, зашто е проблемот, и некоја додатна информација на нивната веб страна, нели?

  • @webomania said:

    Немаше интернет неколку саатиии… Ми велеше дека DNS проблеми има.И знаев дека е до t-home :)

  • љљљ said:

    Абе сите многу јаки сме за јадење на …. Ако сте поспособни од т-home напрајте си провајдер и продавајте интерент ако не барем не кукајте

  • @arsovski said:

    @ЉЉЉ, при крај сме со подготовките. За еден месец си правиме нов IT.com.mk интернет провајдер! Исто така при крај сме со изработка на нова влада, нов марнет, ново министерство за информатичко општество, нов мобилен оператор… и сите други работи на кои имаме дадено негативен коментар. Ќе те известиме соодветно!

  • @deemeetar said:

    sarcasm owns!

    @љљљ:
    И бај д веј, луѓето се развиле на основа на побунувањето кон тоа што не им се допаѓа. Погледни наназад во историјава и ќе видиш сите клучни настани дека се случиле на основа на бунт.

  • Filip Anakievski said:

    @arsovski

    Стварно нов оператор или само онака?

  • name said:

    Само онака.

  • MusicFreak said:

    последниве 2 дена барем во бт беше вака. Т-фејл :(

Leave your response!

Add your comment below, or trackback from your own site. You can also subscribe to these comments via RSS.

Be nice. Keep it clean. Stay on topic. No spam.

You can use these tags:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

This is a Gravatar-enabled weblog. To get your own globally-recognized-avatar, please register at Gravatar.