Трендо го стартува Off.net.mk Трендо го стартува Off.net.mk ИТ.МК
Објавено на од

Од On.net.mk сега се префрламе на Off.net.mk. Сашо Мацановски, за повеќето познат како Трендо, го стартуваше својот нов портал кој е всушност продолжување на неговата поранешна работа, но во ново руво.

Трендо го напушти уредничкото место на On.net.mk во јануари, по 12 години водење на порталот. Тој во своето „А сад адио“ писмо не наведе конкретни причини зошто се откажува од порталот, но сподели дека му станало непријатно да работи во „корпоративно гнездо“.

Сега тој го стартува Off.net.mk, кој што не се разликува многу од On.net.mk освен што новиот портал е на слободната територија наречена Трендоленд.

„Ова што го гледате е порталот off.net.mk. Околу него се собраа луѓе кои веруваат дека нивните работни часови можат да бидат забавни, а животот не е она што престанува кога ќе стигнеш на работа. Искрено нè изненади големиот интерес за нашиот старт, со оглед на тоа што не измислуваме нов Ајфон ниту патики што не мирисаат. Убаво тоа.“, вели Трендо во својот „Добро ве најдовме“ пост.

Неодамна, Трендо одржа и говор на конференцијата за активизам и друштвени мрежи Engage, во која го сподели своето искуство со водење на портал, со секојдневните проблемите со кои може да се соочи уредник и како влијае кога корпорација ќе застане зад порталот.

Кратко URL: http://1337.mk/2om
Виктор Дано

Објавено од

Виктор Дано е уредник на IT.com.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographics. Вебсајт Google+

it.com.mk е-билтен

Е-билтенот ви нуди да се информирате на дневна или неделна база или пак да бидете известени само за најважните случувања, како и за огласите од ИТ Кариера.
Дневен Мора да прочиташ
Неделен ИТ Кариера

7 коментари

  1. Оне вели:

    Да признае Трендо јавно дека од One беше буквално „ишутиран“ и он и тимот негов, а не да глуми лудило, си отишол да прај сајт. Сајтот го прај од што нема од што леб да вади.

    • Да беше малку по писмен, може и ќе ти држеше вода коментаров. Вака, ништо.

      Го ѕирнав новиот сајт на Трендо – лош избор на фонт, лош дизајн, а содржините (горе/доле) исти…

      • Миро вели:

        Претпоставувам како весник сакал да изгледа сајтот затое се така фонтовите, барем мое мислење.
        Единствено што ме бендиса за почеток е што не одбра ниедно лого од тие што беа понудени и имаше гласање нели…мизерија беа…тотален аматеризам

  2. iv вели:

    Trendo ima pari da te kupi i tebe i site so gi znaes.on net bese osnovan od trendo i ne samo sajtot tuku i net provajderot sto posle toa za debeli pari bese otkupen od slovencite

  3. Хикс вели:

    Не ми се допаѓа порталот. Уште на почетокот кога ќе видам дека не се пишува литературно, ме одбива местото. Си направиле дури и устав, па наведиле „- Јазикот е жива материја. Освен кога е добро сварен.“. Демек си ја изземаат одговорноста за тоа што нема да пишуваат на македонски литературен јазик. Според мене тешка мизерија. Да беше само нивниот случај во ред, но очигледно не е. Сум праќал пораки до повеќе списанија и интернет портали во врска со јазикот и сите си наоѓаат некаков бесмислен изговор за да не пишуваат литературно. Овие за сите работи кои очекуваат дека ќе им се бунат читателите, си направиле и устав, па да не се мачат луѓето да им праќаат пораки.

  4. Непознат вели:

    Интересно нешто што ми фати око. Долу на страната пишува дека пријатели на off.net.mk се меѓудругите и On.net.mk.

  5. ЛАВРОВ вели:

    САЈТ КОЈ ГО ПОГОДИЛИ ,,ДО ДАСКА,, МАКЕДОНСКИОТ МЕНТАЛИТЕТ.,,СЛОБОДНО,, ИЗВОАЈИРАЈ НЕЧИИЗ ТУЃИ ИЗЈАВИ,КОМЕНТАРИ,РАЗГОВОРИ,ИЗВАДИ ГИ ОД КОНТЕКСТ И НА ,,ГЛАДНИТЕ ЗА РАЗГОВОР,,,МАКЕДОНЦИ,ЗА ЖАЛ,ПОНУДИ ИМ ГО КАКО ,,ХРАНА,, ЗА НАВРЕДУВАЊЕ,ПЛУКАЊЕ,ИМИСЛУВАЊЕ РАЗНИ ПОГРДНИ ИМИЊА И СЛ. ЗА ЛИЧНОСТИ ШТО ВООПШТО И НЕ ГИ ПОЗНАВААТ????????

Коментирај





Current day month ye@r *