Убиец ја тужи Wikipedia за непотребен публицитет
Адвокатите на германецот Волфганг Вирле бараат името на нивниот клиент да биде тргнато од Wikipedia бидејќи г-дин. Вирле ја отслужил казната за убиство и сега е обичен граѓанин.
Волфганг Вирле во 1990 година го убил баварскиот глумец Валтер Седлмајер. Волфганг Вирле заедно со својот полубрат Манфред Лаубер во 1993 година се осудени на доживотна казна. Ослободени се условно во 2007, односно 2008 година. Сево ова пишува во Wikipedia во биографијата на Валтер Седлмајер.
Но… поради германскиот закон со кој секој приватен граѓанин е заштитен од непотребен публицитет, г-дин. Вирле бара неговото име да се тргне од енциклопедијата бидејќи тој сега е слободен човек, ослободени од затвор на условно. Во германската Wikipedia во текстовите поврзани со убиството и биографијата на глумецот, името на г-дин. Вирле е трнато. Но не и во англиската Wikipedia.
„Нашиот клиент не е во затвор веќе. Неговата рехабилитација и неговиот иден живот надвор од затворот е сериозно оштетен бидејќи не сакате да го направите анонимен во сите текстови кои се за смрта на г-дин. Валтер Седлмајер.“ велат адвокатите во соопштението барајќи Wikipedia да го почитува германскиот закон.
Иако Wikipedia до сега не реагира на барањето, зад онлајн енциклопедиата застана Electronic Frontier Foundation, борци за слободата на интернетот, која вели дека англиската Wikipedia е заштитена со првиот амандман во уставот на САД.
Проблемот е очигледно глобализацијата и достапноста на информациите кои се достапни за сите, додека законите на одредени држави се ограничени само на нивните граѓани.
Сличен пример за несогласување на глобално достапен сервис со закони на една држава е Yahoo кои беа тужени од Франција бидејќи дозволиле корисниците да продаваат нацистички украси, кои во Франција се забранети.











Leave your response!