Упс, големи компании го симнале торент фајлот со 100 мил. Facebook профили
Пред некој ден објавивме информација за торент фајл кој ги содржи личните информации на 100 милиони Facebook корисници. Фајлот не беше нешто спектакуларно, тоа беше само листа на информации кои корисниците дозволиле да бидат јавни. Фајлот ги демонстрираше само можните проблеми со приватноста.
Но иако не е спектакуларен, сепак тој торент фајл е симнат од вработени во големи корпорации. Имено, Gizmodo објави листа на големи компании кои го симнале Facebook directory. Листата е составена според IP адресите на локацијата од каде што е симнат фајлот и на неа се најдоа компании како: Apple, BBC, Cisco, AT&T, Church of Scientology, Disney, Duracell, HP, IBM, Intel, Halliburton, Mcafee, Fujitsu, Motorola, Nokia, Nvidia, Sega, Vodafon, Ubisoft, Time Warner…
Ова се големи корпорации, па логично е некој од стотиците вработени да си го симнал фајлот за своја лична проверка, нели?
„Само бидејќи компанијата е на листата, не значи дека компанијата го симнала ова за да грабне кориснички информации за некоја цел. Може лесно да биде некој дечко од компанијата кој го симнал фајлот да го провери.“ пишува Gizmodo.
Но, од друга страна листата на компаниите е импресивна. Листата содржи информации на корисници кои дозволиле некои информации да бидат јавни, и со тоа тие информации стануваат достапни за сите, вклучувајќи го и маркетинг истражувањето. Не мора да биде градење таргетирана маркетинг стратегија. Информациите се од 100 милиони луѓе, може да се анализираат за некои други потреби. Пример, јас го симнувам торентот со цел да видиме колку од тие сто милиони се македонски корисници.
Сепак информациите се јавни, нели? Фајлот е достапен за сите, и кога ќе го симнете секој има слобода да прави што сака со тие информации.
Токму и тоа е интересното и застрашувачкото со оваа листа. Меѓу тие 100 милиони сум и јас и вие и сите кои свесно или несвесно ја имаат активирано опцијата за нивните информации да се појавуваат од интернет пребарувачите или споделуваат постови јавно. Сега нашите лични информации се само склопени, убаво наредени, организирани и спремни за анализирање од големи корпорации кои ќе ви подготват некоја таргетирана маркетинг стратегија, од индивидуалци кои само ќе ја гледаат листата или криминалци кои ќе ви спремаат имејл скамови или ќе се обидат да ви ја пробијат лозинката.
Всушност, сигурно го знаете тоа бидејќи свесно одбравте вашите информации да бидат јавни. :)


нема коментари?
малце е лузерски целиот фејсбук концепт, како споменар од 5-то одд. и што мајка бараат луѓето да оставаат податоци за себе таму – незнам. него, пострашно ми е она со гугл вецето, таму не сме решиле доброволно да пополнуваме споменар, ама гугл вешто ги склопува парчињата…
[youtube hrontojPWEE http://www.youtube.com/watch?v=hrontojPWEE youtube]
Leave your response!
@IT_info
Последни написи
Последни Коментари
Flickr
прашалник