Вака ќе изгледа Internet Explorer 9?
ZDNet објави слика и пост од новиот интерфејс на Internet Explorer 9 превземени од рускиот сајт на Microsoft пред истите да бидат одстранети. Од сликата се гледа дека IE 9, како и сите модерни прелистувачи, има интересен и едноставен дизајн со кој се остава повеќе простор за веб страната, прелистувачот има само навигациски бар и помалку копчиња.
Ги има основните копчиња за враќање на претходната страна, рефреширање на страната, стоп, и одбележување на омилените страни, како и home копчето и тоа за опции.
Интересна е позицијата на баровите. Google Chrome и Firefox започнаа да ги сместуваат табовите над барот за адреси, додека IE 9 изгледа ги поставува на страна од тој бар. Според рускиот сајт ќе има „tear-off tabs”, што е можност вградена во Windows Aero Snap опцијата што дозволува корисникот да гледа две страни една до друга.
Рускиот сајт вели ќе има „препознатливи“ веб страни кои корисникот може да ги отвори од Windows таскбарот без да го отвори прелистувачот, ќе ги третира тие страни како Windows апликации, што може да биде супер за брзо отварање на омилените страни.
Официјалното објавување на Internet Explorer 9 е најавено за 15 септември.

Изгледот ако биде ваков е стварно најдобар од сите броусери. Се чека 15 септември :)
Да, само што е копија на подобрите од него!
Сите броусери се слични. Ме интересира дали конечно 9-кава ќе биде брз :)
Најдобар? Не ме зезај, глеј кај се табовите, отвори 3 таба и нема да можеш да ги видиш веќе од гужва.
Тоа им е голема утка, а тоа плавото големо копче за назад е копија од сегашното копче во Firefox :)
еве на линков има TestDrive може да го пробате http://ie.microsoft.com/testdrive/
Leave your response!
@IT_info
Последни написи
Последни Коментари
Flickr
прашалник
Низ IT.com.mk
профили
сервиси
it mobile
© 2007 - 2010. Сите права задржани IWM Network За IT.com.mk Услови за користење Приватност Маркетинг Прес Центар ЧПП Мапа на сајтот Контакт