Веб 2.0 против Цензура 2.0
Репортерите без граници (RSF), огранизација која промовира за слобода на говор, обави извештај за денешниот онлајн пристап по повод 12 март, Свестки ден против сајбер цензура. Извештајот ја содржи и „Непријатели на интернетот“ листата на земји кои ја контролираат слобдата на изразување, ја цензурираат содржината и го ограничуваат пристапот до информации.
„Потенцијалот на интернетот како отворена порта кон светот директно е контрадикторен со тенденцијата на овие режими да се изолираат себеси од останатите земји.“ пишува во извештајот.
Меѓу земјите непријатели на интернетот се најде и Австралија која е „набљудувана“ поради нејзините обиди да воведе филтри за содржина и да воведе закони да ја спречат онлајн анонимноста.

Според RSF следниве земји се непријатели на интернетот:
- Бурма: двајца владини службеници се убиени бидејќи пратиле документи во странство преку имејл. Остра цензура и сите блогери се водат како непријатели на државата.
- Кина: цензура, целата содржина е зад „Големиот Огнен Ѕид“,
пропаганда, хакнување на Google, и форсирање на локални сајтови контролирани од властите - Куба: интернетот е луксуз, властите користат две мрежи, контрола на блогерите
- Египет: интернетот се користи за мобилизација и пропаганда, огромна контрола и малтретирање на блогерите
- Иран: рекордер во цензурирање, онлајн мониторинг. Интернет провајдерите рентаат бендвит на иранскиот Телеком кој е контролиран од власите. Сета содржина поминува низ филтрите на телекомот.
- Северна Кореја: Во најхерметички затворената земја, поголемот дел од луѓето не се свесни дека постои интернет. Мрежата се користи од властите за ширење пропаганда во странските земји.
- Саудиска Арабија: традицијата и блогерите се во конфликт, пропаганда која е фокусирана на себе-цензура.
- Сирија: цензура и гонење на нетграѓаните кои се против властите.
- Тунис: Интернетот е оценек како можна опасност за стабилноста на земјата. Цензура, филтирарање и набљудување.
- Туркменистан: Само 1% од популацијата има интернет. Информациите се контролирани од власта.
- Узбекистан: строга медиумска цензура, филтирање на веб содржина и закани кон критичарите.
- Виетнам: цензура и контрола на блогерската содржина која ја критикува власта или Кина.
- Австралија: Под маската за борба против детска порнографија власта воведува систем за филтрирање досега не виден во демократска држава.
- Бахраин: Властите се обидуваат да воспостават контрола врз содржината.
- Белорусија: властите планираат да воведат филтри за содржина.
- Еритреа: брутално диктаторство кое се обидува да ги држи луѓето подалеку од мрежата.
- Малезија: Нема цензура, но блогерите и веб новинарите се малтретирани од властите.
- Русија: интернетот е контролиран од владина структура, провајдерите мора да инсталираат софтвер за онлајн набљудување. Има закон кој и дозволува на власта да изврши веб набљудување без налог.
- Јужна Кореја: Иако 90% од јужно корејците имаат пристап до интернет, сепак властите се обидуваат да ја зајакнат цензурата велејќи дека законите за цензура се за борба против „лажни информации.“
- Шри Ланка: пропаганда, цензурирање и контрола на содржина
- Тајланд: строга контрола на текот на информациите, интернетот е политичка алатка
- Турција: блокирање на сајтови меѓу кои и YouTube, блогерите се набљудувани
- Обединети Арапски Емирати: и покрај висока интернет пенетрација властите воведоа систем за филтрирање, подржан од строги закони











Leave your response!