За IT.com.mk

Нашата главна цел е да го поддржиме, едуцираме и промовираме македонскиот ИТ потенцијал и значајно да придонесеме во развојот на ИКТ индустријата во Македонија.

IT.com.mk е македонски портал за информатичка и комуникациска технологија кој со својот концепт на работа и дизајн се разликува од другите портали на македонскиот веб простор прифаќајќи ги и користејќи ги модерните дигитални решенија да промовира и објавува ИКТ содржина.

Целта на порталот IT.com.mk е да овозможи на своите посетители:

  • да се запознаат со Информатичката Технологија
  • да бидат секојдневно информирани со најновите ИТ вести од светот и Македонија
  • да пристапат до едукативен материјал на разни теми
  • да прегледуваат видеа за технологијата и нејзиниот развој
  • да објавуваат сопствени мислења на разни ИТ теми на интерактивни сервиси како што се првиот македонски ИТ форум.
  • да научат како да ги користат ИТ производите и да ги одберат вистинските за своите потреби

Дали сте само почетник или имате големо познавање за ИТ технологијата, вие сте добродојдени на IT.com.mk. Вашето мислење ќе биде ценето на форумот од сите 5.000+ членови, а истовремено ќе добиете соодветни совети и информации за најновото и најдоброто од дигиталниот свет.

Порталот започна со работа на 21 март во 2008 година, додека првиот македонски ИТ форум започна една година порано, на 21 март во 2007 година. Повеќе интересни факти поврзани со сајтот може да пронајдете на следниов линк.

IT.com.mk е бренд во целосна сопственост на компанијата IWM Network.